Search
Close this search box.

ЈДГ “8 Март” доби донација од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје

Со двокатен автобус, денес пристигна донацијата од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје за градинката “8 Март” објект “Расадник”.

 Играчки и детска литература добија дечињата кои во знак на благодарност одржаа приредба пред проректорот за настава од Универзитетот и претставници од општината.

– Љубовта, грижата, вниманието, почитта и посветеноста се неколкуте главни нешта кои сме должни да ги подаруваме на нашите деца. Сето она што го твориме и создаваме, ние возрасните, треба да биде наменето за нив, за да тие го добијат она што можеби ние сме го немале, тие го достигнат она што порано го немало, тие да не’  почуствуваат нас дека сме тука близу и непосредно за нив, тие да почуствуваат  дека се значајни,  важни и најважни- за кои она што се создава се наменува за нивната иднина, истакна директорот на градинката Снежана Кливановска, заблагодарувајќи се уште еднаш на иницијативата на  Универзитетот за туризам и менаџмент, кој применувајќи го Комеровиот  модел за соработка со родители, ја реализираше оваа донација.

Благодарност упати и до општина Кисела Вода.

– Неодминлива е помошта, вниманието и поддршката која секојдневно  ја добиваме од општината како наш основач, па во таа насока и јавно би се заблагодарила за целокупната досегашна соработка, внимание и поддршка пред се доверба која ја имаме од градоначалникот на нашата општина Билјана Беличанец – Алексиќ- истакна Кливановска.

-Се одлучивме во рамките на нашата целокупна програма за општествена одговорност, за која,  во изминатиот период, сме и добитници и на награди на ниво на држава, да се вклучиме преку оваа хумана и првично организирана дејност, со која на децата, кои се наше најголемо богатство им го донираме она на кое што најмногу го користат и му се радуваат-играчките. Веруваме дека со овој чекор допринесуваме во нивниот развој и натамошен напредок-истакна проректорот за науки и развој при Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје Сашо Кожухаров.

Во знак на благодарност за поддршката на овој социјално-образовен објект, општина Кисела која и самата, секогаш, како приоритетни ги издвојува потребите на најмладите нејзини жители, на проректорот Кожухаров му врачи благодарница.

Споделете:

Scroll to Top