Search
Close this search box.

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за реон Ј, четврт Ј10

Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл.весник на РМ” бр.51/05, бр.137/07, бр. 91/09, 124/2010, 18/11, 53/11, 144/12, и 55/13), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02, член 57 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Сл.гласник на Град Скопје”, бр.8/2005) и донесената програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со Одлука бр. 07-8628/5 од 29.11.2012 година, од Советот на Општина Кисела Вода за изработка на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10 и донесената програма за  измена на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со  бр.07-1229/17 од 21.02.2013 година, донесена од Советот на Општина Кисела Вода, Градоначалникот на Општина Кисела Вода

   го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Заорганизирањена јавнапрезентацијаи јавнаанкета

по  предлогДУП  

за реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода

 

 

Граници на опфатот се :

-на северо-исток границата се протега по осовината на  улицата “Сава Ковачевиќ“;

-на југо-исток границата се протега по осовината на улица “Народни Херои”;

-на југо-запад границата се протега по осовината на улицата ”Димо Хаџи Димов”;

-на северо-запад границата се протега по осовината на булеварот ”Есенинова”.

Опфатот е со површина од 30,56 ха.

Јавната анкета и јавната презентација по предлог Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10,  ќе се спроведе со излагање на   предлог -Планот во просториите во урбана единица М.З. Цветан Димов (стара рампа).

                Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението,секој работен ден од 7-15 часот, лице за контакт  Славица Тодоровска  тел.072/314950.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.08.2013 година во 10 часот во просториите во урбана единица М.З.Цветан Димов (стара рампа).

Споделете:

Scroll to Top