Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе го одржи продолжението на 13-та пленарна седница и 16-та пленарна седница

Ве известуваме дека утре, 27.05.2014 година (вторник) со почеток во 11,00 часот  ќе се одржи Продолжение на Тринаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која беше одржана на 4.02.2014 година.  

 

На истата ќе се разгледуваат следните материјали:

 1. Предлог-Одлука за утврдување Предлог Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода, Скопје, плански период 2013-2018;

 2. Предлог-Одлука за утврдување Предлог Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј13, Општина Кисела Вода, Скопје, плански период 2013-2018;

Воедно, со почеток во 12 часот, ќе се одржи и Шеснаесеттата  пленарна  сеедница на Советот на Општина Кисела Вода со следниот дневен ред:

–  Усвојување на Записникот од 15-та пленарна седница

1. Предлог-Одлука за престанок на мандатот на членот на Советот на Општина Кисела Вода;

2. Предлог-Одлука за измени и дополнување на Одлуката за формирање на локален совет за превенција на Општина Кисела Вода бр.07-2117/1 од 19.04.2011 година;

3. Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво на Општина Кисела Вода;

4. Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое може да се изврши вклопување во ДУП на дел од МЗ,,11 Октомври II,, (југоисточна индустриска зона), урбан блок А (булевар Србија) Урбан дел 6 и 7 – измена и дополна, Општина Кисела Вода;

5. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за првиот квартал од 2014 година –К1-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општината; К2-Квартален извештај за достасани ненамирени обврски; К3-Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините;

6. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на  Општина Кисела Вода за 2014 година;

7. Советнички прашања

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

 

Споделете:

Scroll to Top