Општина Кисела Вода започна со активности за садење на цвеќиња во парковите на својата територија.
Со овие активности кои општината ги започна вчера во повeќе месни и урбани заедници заседени се околу 1000 цветни садници.
Цветни садници од типот Колеус, Петунија и Импатија добија тревните површини и жандинери во Пинтија, Црниче, 11 Октомври, Цветан Димов, населба и село Драчево. Покрај ова, цвеќиња се садеа и во основните училишта и градинки во Кисела Вода.
Акцијата ќе продолжи да се одвива и утре, со засадување на нови 1000 садници. Со ова ќе финишираат активностите за садење на 2000 цветни садници на територијата на Кисела Вода.
Цветните садници се донација од Градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило.