Search
Close this search box.

Кошаркарките од ЖКК Бадел утре ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК Вардар

Утре во рамки на финалната серија од плеј офф-от за државен првак во женска сениорска конкуренција кошаркарките од ЖКК Бадел од Кисела Вода ќе и се спротистават на екипата на ЖКК Вардар.

-Серијата се игра до три добиени натпревари, а веќе стартуваме со еден нула, од причина што во регуларниот дел од првенството имаме резултат од три победи и еден пораз. Од овие причини,овој натпревар е од исклучително значење, затоа што со победа би биле на чекор од освојување на петта последователна шампионска титула. За да ја оствариме оваа цел неопходна ни е подршка од нашата верна публика од Кисела Вода, влезот ќе биде слободен за сите вљубеници на женската кошарка. Во оваа прилика би сакал да искажам благодарност на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Одделението за спорт, за сесрдната помош кон клубот, без која сигурно не би биле во можност да стигнеме до оваа финална серија – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија со почеток во 19:00 часот. Љубителите на женската кошарка натпреварот ќе имаат можност да го проследат бесплатно.

Споделете:

Scroll to Top