Search
Close this search box.

РК „Јуниор Кисела Вода“ поблиску до плеј оф натпреварувањето

„Јуниор Кисела Вода“ забележа нова победа во Првата ракометна лига и сега е на прагот да се пласира во плеј-оф фазата. На гостувањето во Штип, клубот од Кисела Вода ја совлада екипата на „Текстилец“ со резултат 16:23 (10:16).

Еден од најзаслужните за добрата игра во одбрана беше Адријан Тодоров кој одлично играше во двата правци на овој натпревар.

Ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ во недела ќе играат за победа, за пласман во плеј оф фазата против екипата на „Македонија Ѓорче Петров“.

Споделете:

Scroll to Top