Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња

Денеска Општина Кисела Вода додели 71 ваучер за новороденчиња, од кои 38 за женски и 33 за машки деца.

Ваучерите на семејствата кои имаат новороденче им ги подели секретарот на Општината, Александар Алексовски.

Општина Кисела Вода паричната помош во висина од 6000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија. Заинтересираните за добивање на истата, во рок од 90 дена од раѓањето на детето треба да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Споделете:

Scroll to Top