Search
Close this search box.

На Купот Св. Георги 2019 денес ќе се знаe кој e најдобaр во футсал

Општина Кисела Вода и оваа година традиционално го организира Купот Св. Георги 2019.

На купот кој започна вчера селектирани ученици од скопските општини: Кисела Вода, Гази Баба, Карпош и Центар денес ќе играат футсал, а наредната седмица одбојка и кошарка. Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ на финалниот натпревар во футсал силите на теренот ќе ги одмерат учениците од Карпош и Гази Баба, а за трето место ќе играат Кисела Вода и Центар. Во полуфиналето во футсал екипата од Гази Баба ја победи Кисела Вода со резултат, 2:1. Додека, во второто полуфинале учениците од Карпош ја победија екипата од Центар, со резултат 2-0.

Споделете:

Scroll to Top