Search
Close this search box.

Во населбата Драчево целосно ќе се реконструира улицата „Живко Фирфов“

Денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, во интерес на жителите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски потпиша Меморандум за соработката со Министертвото за транспорт и врски.

Во периодот што следува на улицата „Живко Фирфов“, во населбата Драчево во должина од 880 метри ќе биде извршена целосна санација. На истата од двете страни ќе се обноват тротоарите, а ќе биде поставено и ново улично осветлување/лед светлосни арматури.

Имплементацијата на активностите кои произлегуваат од Проектот за  поврзување на локални патишта од страна на инвеститорот, Министерството за транспорт и врски ќе ги спроведува единицата за имплементација на проекти од Светска банка.

Споделете:

Scroll to Top