Search
Close this search box.

На бул. „Борис Трајковски“ од населбата Пинтија до Цементарница Усје се одвиваат активности за расчистување на сметот

По должината на бул. „Борис Трајковски“, Општина Кисела Вода денеска спроведува голема акција за расчистување на сметот. 

Во моментов, од семафорите во населбата Пинтија до Цементарница Усје, 20 општински работници рачно и со едно возило со канистер за вода вршат расчистување на тротоарите и на тревната површина покрај булеварот. Во работните активности вклучени се и возила на ЈП „Комунална хигиена“, две машини за метење и една цистерна за миење улици.

 

Споделете:

Scroll to Top