Ве известуваме дека Дваесет и петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 19.02.2015 година (четврток) со почеток во 12,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 24-та седница на Советот;
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за четвртиот квартал од 2014 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2014 година до 31.12.2014 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирен обврски на Општина Кисела Вода -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот бр.07-1200/4 од 4.07.2005 година (,,Службен гласник на Град Скопје,, бр.8/2005);
3.Извештај (Информација) за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Општина Кисела Вода во 2014 година;
4.Предлог-Одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис во Општина Кисела Вода со состојба на ден 31.12.2014 година;
5.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.