Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода започнува со изградба на 2886 метри фекална канализација во с.Усје

Општина Кисела Вода го потпиша договорот со фирмата “Енергомонт” и со тоа отпочнува изградбата на секундарната фекална канализација во селото Усје.

 

Градоначалникот Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ, денес беа во ова населено место, каде наскоро ќе отпочнат градежните активности за изведување на канализациона мрежа во должина од 2986 метри.

Согласно изготвениот проект, се работи за седум крака фекален систем со профили на цевки Ф500, Ф250 И Ф300, согласно хидротехничките услови за приклучување и конфигурацијата на теренот. Ова ќе значи решение на околу 1500 жители на овој дел од Кисела Вода, кои години нанзад имаат проблеми поради непостоење на систем за одведување на отпадните води.

Средствата за реализација на целокупниот проект ги обезбеди Општина Кисела Вода.

Новопредвидената фекална канализација треба да биде завршена во рок од осум месеци од отпочнувањето на градежните активности.

Споделете:

Scroll to Top