Search
Close this search box.

Амбасадата на Република Словачка на Општина Кисела Вода и донираше 3000 заштитни маски

Во населбата Драчево, со цел за заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид-19, денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, го означија почетокот на проектот за делење на 3000 заштитни маски.

„Благодарност до Амбасадата на Словачката Република која што донираше три илјади маски за Општина Кисела Вода. Тука сме со амбасадорт да ги дистрибуираме овие маски на најфреквентните места. Почнуваме да делиме маски од пазарот во Драчево, каде што има аптеки и банки, ќе продолжиме и на локациите каде што знаеме дека им се најпотребни на нашите сограѓани. Апелирам да се почитуваат сите мерки и препораки на Владата, да се грижиме заедно за нашето здравје, а ние и понатаму остануваме посветени во насока за грижа за здравјето на нашите жители. Изминатиов период поделивме преку десет илјади маски, во колективните згради поставивме преку 300 држачи со средства за дезинфекција. Пет пати ги дезинфициравме сите згради и јавни површини. Општина Кисела Вода ќе успее со своите партнери, со сите помагачи и заедно со граѓаните само доколку во целост ги почитуваме препораките на Владата“ – изјави градоначалникот Филип Темелковски.

„Му благодарам на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски за соработката.  Двете наши земји, Словачка и Северна Македонија се релативно успешни во борбата против вирусот. Ние како држава бевме меѓу првите што ги затворија границите, кај нас е многу голема дисциплината. Секоја наша акција, како и оваа е добредојдена за што побрзо справување со вирусот Ковид-19“ – истакна амбасадорот Хенрик Маркуш.

Локалната самоуправа проектот „Да се заштитиме од Ковид 19!“  го реализира во соработка и со здружението „Добредојде Македонија Welcome Centre“. 

Споделете:

Scroll to Top