Search
Close this search box.

Нови 33 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

По петнаесети пат, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска свечено додели ваучери на 33 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош. Со ова доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, изнесува 651.

 

-“Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, имаме доделено 651 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да Ви ветиме Вам, како нивни родители, дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика” – истакна градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

 

Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите воопшто да не се двоумат и да ја достават потребната документација за парична помош.  Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

 

-“Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 33 новороденчиња, од кои 20 се машки, а 13 женски,  ќе Ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето” – изјави градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

-“Да ви се живи и здрави, големи да растат. Ви посакувам да се гордеете со нив, а покрај Вас и ние како општина” – им порача градоначалникот Беличанец – Алексиќ и им честиташе на родителите.

 

 

Споделете:

Scroll to Top