Search
Close this search box.

4 македонски репрезентативци, членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ на „MASTER BJJ OPEN“ во Белград освоија 5 медали

На турнирот „MASTER BJJ OPEN“ во Белград, Србија 4 македонски репрезентативци, членови на клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија 5 медали. Во категорија на возрасни со 4 натпреварувачи освоија 4 место.

-Во Белград настапивме со 4 репрезентативци, членови на нашиот клуб. Во категорија на возрасни натпреварувачи со 4 наши членови освоивме 4 место. Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали, Ненад Мрчковски кој за првпат се натпреваруваше на меѓународен турнир се закити со златен медал во катергорија на мажи – 70 кг., бел појас, додека во апсолутна категорија  освои 3 место. Михаил Поповиќ освои 3 место во категорија -70 мажи, плав појас, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3 место. Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфиналниот натпревар, а потоа не се бореше за 3 место поради здравствени проблеми, изјави тренерот на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, Ивица Алексовски.

Споделете:

Scroll to Top