Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржа 43-тата пленарна седница

На 43-тата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 05 октомври 2020 година, беа усвоени следните точки:

 -Усвојување на Записникот од 41-та пленарна седница

-Усвојување на Записникот од 42-та пленарна седница

1. Годишен извештај за работа на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2019/2020 година;

2. Годишна Програма за работата на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода  во Град Скопје за учебната 2020/2021 година;

3. Годишен извештај за работа на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2019/2020 година;

4. Годишна Програма за  работата на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода  во Град Скопје за учебната 2020/2021 година;

5. Давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2020 година на Општина Кисела Вода;

6. Предлог-Одлука за распишување јавен конкурс за иницијативи и предлози за поставување спомен-обележја на настани и личности во Општина Кисела Вода за периодот 2020-2025;

7. Предлог-Програма за измена и дополна на Развојна Програма – Програма од надлежност В – предучилишно воспитување и Програма ВА-предучилишно воспитување – капитални трошоци-изградба на нов објект – детска градинка во населба 11 Октомври згради, Општина Кисела Вода за 2019-2021 година;

8. Предлог- Програма измена и дополнување на Програмата  (Ј) – Комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2020 година;

9. Предлог- измена и дополна на Развојна подпрограма ЈИА изградба на  фекална канализација за село Усје во Општина Кисела Вода за 2020-2021 година во Програмата  (Ј) – Комунални дејности-ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води;

10. Предлог- измена и дополна на Развојна подпрограма ЈЕА изградба на нов објект-катна гаража во населба Расадник во Општина Кисела Вода за 2020-2022 година во Програмата  (Ј) – Комунални дејности ЈЕА изградба на простор за паркирање;

11. Предлог-Развојна подпрограма ЈДА-реконструкција на улица Наум Охридски во населба Црниче Општина Кисела Вода за 2020-2023 година во Програмата  од надлежност (Ј) – Комунални дејности;

12. Предлог- Развојна подпрограма ЈИБ изградба на  фекална канализација за н.Градинар во Општина Кисела Вода за 2020-2022 година во Програмата  (Ј) – Комунални дејности-ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води;

13 .Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2020 година;

14. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект на КП 129/2 КО Усје со усогласување на намената;

15. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти на КП 12215/1 КО Драчево 2 со усогласување на намената;

16. Предлог-Одлука за давање на согласност за отстранување на постоечки објекти во сопственост на Општина Кисела Вода заради изградба на ул.Есенинова на потег од Бул.3-та Македонска бригада до раскрсница со Бул.Борис Трајковски;

17. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Филип Илиевски, дете на загинат бранител од конфликтот во 2001 година;

18. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Рената Трпковска, дете на загинат бранител од конфликтот во 2001 година;

19. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Јана Трпковска, дете на загинат бранител од конфликтот во 2001 година;

20. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Тамара Стојановска, дете на загинат бранител од конфликтот во 2001 година;

21. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Мартин Стојчев, дете на загинат бранител од конфликтот во 2001 година;

22.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Републичко здружение на децата бегалци-Скопје;

23. Советнички прашања;

Дополнително, беа усвоени и следните предлог одлуки:

-Одлука за престанок на мандатот на член на Советот на Општина Кисела Вода – Христина Оџаклиеска;

-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Кисела Вода;

-Одлука за барање согласност од Владата на Република Северна Македонија за организирање настава со физичко присуство за учениците од ООУ„Рајко Жинзифов“, подрачно основно училиште „Рајко Жинзифов“, ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“, подрачно основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ и ООУ„Св.Климент Охридски“- Општина Кисела Вода за учебната 2020/2021 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top