Search
Close this search box.

5 тони смет собрани во акција на Општина Кисела Вода и ЈП “Паркови и зеленило”

Акција за чистење на Општина Кисела Вода се одвиваше во изминатите 7 работни дена.

 

Општината преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита во изминатите седум работни дена активно се вклучи во соработка со ЈП “Паркови и зеленило” во чистење на блоковското зеленило и наталожениот смет.

4 екипи од по 12 сезонски работници работеа во урбаните заедници Цветан Димов и Бирарија, каде се чистеше на потегот од зградите на ул. “Антон Попов” од бр. 16 до број 24, како и целото блоковско зеленило на улица “Вера Јоциќ”. Досега се собрани околу 5 тони отпад.

 Акцијата продолжува во урбаната заедница Населба Драчево. Доколку дозволат временските услови, од 09. 01. до 11. 01., за расчистување на сметот во овој дел од градот Општина Кисела Вода ќе ангажира 30 сезонски работници. 

Aктивностите на општина Кисела Вода за расчистување на теренот ќе продолжат и во годината што е пред нас, но повторно сакаме да апелираме за за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат.

Споделете:

Scroll to Top