Во Општина Кисела Вода започна 52-oт меѓународен турнир по мечување “Солидарност”.
Во спортската сала „Независна Македонија“ денес мечуваат натпреварувачи во следните категории: пионери и пионерки до 14 години и кадети до 17 години, во машка и женска конкуренција. Додека, утре ќе се одржи главниот турнир, односно натпреварувањето во сениорска конкуренција за мажи и жени.
На овогодинешниот турнир учествуваат натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Романија. Победниците на крајот ќе добијат медали и пехари.
Турнирот кој е во организација на МК Работнички и Мечувалечката Федерација на РМ е организиран во чест на солидарноста на народите од Светот со трагедијата на скопјани настаната со катастрофалниот земјотрес од 1963 година.