Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода сади нови дрва на својата територија

Општина Кисела Вода започна акција за садење на нови разни видови дрва на повеќе локации на својата територија.

Со денешната акција за садење на дрва локалната самоупрaва исполни уште едно барање на граѓаните. Дрвата: елки, јавори, брези и др. се донација од Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

Општина Кисела Вода со цел да делува за намалување на аерозагадувањето минатата година засади 160 високо стеблести дрва за парковско уредување.

Споделете:

Scroll to Top