Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода додели нови 76 ваучери за новороденчиња

Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски подели 76 ваучери за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца.

Општина Кисела Вода ваучерите во висина од 6000 денари ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Споделете:

Scroll to Top