Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржa Деветата пленарна седница

На деветата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 25 април 2018 година (среда), беа усвоени следните точки:

 

-Усвојување на Записникот од Седмата пленарна седница;

-Усвојување на Записникот од Осмата пленарна седница

 1.Годишен Извештај (информација) за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2017 година;

2.Давање согласност на измените и дополнувањата на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

3. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавна детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

4. Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавна детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

5.Предлог-Одлука за одобрување на склучување Спогодба за регулирање на меѓусебните односи помеѓу Општина Кисела Вода и ООУ ,,Кузман Шапкарев,, н.Драчево-Општина Кисела Вода, Скопје;

6.Предлог-Одлука за именување  член на Управниот одбор – претставник од  Градот Скопје  во ЈДГ “Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје; 

 7.Предлог-Одлука за именување  член на Управниот одбор – претставник од  Градот Скопје  во ЈДГ “8ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

8.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програма (В1) – предучилишно воспитување за 2018 година;

9.Предлог -Одлука за збратимување на Општина Кисела Вода – Скопје – Република Македонија и Општина Изгрев – Софија – Република Бугарија;

10.Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на училишните спортски клубови и Сојузот за училишен спорт на општина Кисела Вода кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Кисела Вода;

Дополнително, беа усвоени и следните одлуки:

-Одлука за давање на согласност за потпишување на Договор за реализација на проект помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Општина Кисела Вода

-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода

-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Борис Филиповски

Споделете:

Scroll to Top