Search
Close this search box.

Орце Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски е роден на 05.08.1987 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан I”, оддел за политички студии. Магистратура има во областа на менаџмент на човечки ресурски. Активно зборува англиски јазик. Досега има работено во приватниот сектор. Во периодот од 2017-2021 година беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кисела Вода. За градоначалник на Општина Кисела Вода, беше избран во првиот круг на локалните избори, одржани на 17 октомври 2021 година.

Градоначалникот во рамките на своите надлежности:
– Ја претставува и застапува Општината;
– Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
– Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
– Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
– Го обезбедува извршувањето на работите кои што со Закон и се делегирани на Општината;
– Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот;
– Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на Општината;
– Го извршува Буџетот на Општината;
– Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината, врз основа на јавен конкурс;
– Донесува решенија за утврдување на данокот на имот за имот кој се наоѓа на територијата на општината;
– Води евиденција за угостителските објекти и за работното време на угостителските објекти кои работат на територијата на општината;
– Склучува договори за закуп на објекти или делови на објекти на јавни установи со и без опрема за потребите на општината;
– Должен е веднаш да го извести министерството надлежно за вршење на работите од областа на локалната самоуправа за настанување на еден од условите за предвремено распуштање на советот;
– При предвремено распуштање на советот до избор на нов совет, ги извршува работите од надлежност на советот со определени ограничувања утврдени со закон;
– Член е на Координативното тело на градоначалниците на Град Скопје и на општините во град Скопје за остварување на меѓусебна соработка и решавање на прашања од заеднички интерес;
– Подготвува Ребаланс на буџетот во насока на надминување на финансиската нестабилност на општината кој го одобрува Комисијата формирана за надминување на финансиската нестабилност на општината;
– Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;
– Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со Закон;
– Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
– Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со Закон;
– Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статут и
– Врши други работи утврдени со Закон и со Статутот.

Оценете го нашиот труд и работа
Scroll to Top