Search
Close this search box.

Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани се 10 тони смет

Општина Кисела Вода продолжува со акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците кои се под нејзина надлежност.

Денес, сезонските работници ангажирани од страна на Општина Кисела Вода во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата.   

Имено, со оваа акција која започна минатата недела, во населбите Црниче и Пржино собрани се околу 10 тони смет и кабаст отпад.

Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.

Воедно, Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина. 

Споделете:

Scroll to Top