Search
Close this search box.

Утре во Кисела Вода ќе играат ЖОК Јанта Волеј и ЖОК Македонија Макс

Утре љубителите на спортот во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат натпревар во женска одбојка.

Во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 20:00 часот, сениорките на ЖОК Јанта Волеј од Кисела Вода, силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖОК Македонија Макс од Струмица. Натпреварот е во рамки на третото коло од првата државна лига. Влезот за посетителите е бесплатен.

Споделете:

Scroll to Top