Секој ден стануваме посвесни за опасноста која и се заканува на планетата Земја и на нас како нејзини жители. Честичките кои се во воздухот се во голем дел од времето над дозволеното особено во екот на зимската сезона и влијаат на глобалното затоплување.
Јаглеродниот отпечаток (вкупната емисија на стакленички гасови, со акцент на јаглеродниот диоксид, емитивуани во атмосферата) на некој начин покажува до кое ниво се зголемени климатските промени и според тоа може да се донесе заклучок колкави се еколошките закани со кои се соочува човештвото денес. Последеците од тоа се топење на мразовите, зголемување на нивото на водата на океаните, а следствено на тоа и зголемување на поплавите. Притоа поголемото присуство на јаглерод дисоксид го отежнува дишењето на човекот, особено на ранливите групи. Поради ова се зголемува бројот на хронични и белодробни заболувања.
Мерните станици покажуваат лоша состојба со аерозагадувањето па неизбежен е фактот дека треба се превземат конкретни мерки т.е изнаоѓање на иновативни решенија.
Врз основа на пресметките колку CO2 се емитува во атмосферата во зависност од начинот на производство на електрична енергија според табелата може да се забележи највисок коефициент доколку се снабдуваме со електрична енергија од термоцентрала, како што е всушност е практика и во нашата земја. Доколку во даден објект се инсталира фотоволтаичен систем од 1кW, за една година ќе се заштеди речиси 1 тон на CO2, a доколку го земеме предвид експлоатацискиот век на системот, се предвидува заштеда од 25 тони на јаглерод диоксид.
CO2 kоефициент на производство |
|
Нафта за домаќинство |
330 |
Камен/јаглен |
394 |
Кокс |
467 |
Енергија од нуклеарна централа |
16 |
Електрична енергија од хидроцентрала |
7 |
Електрична енергија од термоцентрала |
1340 |
Покрај намалената зависност од фосилни горива предности на производството на електрична енeргија од Сонцето се:
- Исплатливост
- Непосредна достапност
- Минимално одржување
- Намување на сметките за струја