Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација одбележаа 220 години од раѓањето на Пушкин

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија одбележа 220 години од раѓањето на Александар Сергеевич – Пушкин.

Во паркот кој го носи името на големиот руски и светски поет се одржа културна манифестација, а за најмладите пуштено беше во употреба ново детско игралиште изградено на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски. Откриена беше и нова спомен плоча со профилот на поетот.

Пред почетокот на манифестацијата делегации предводени од градоначалникот Филип Темелковски и амбасадорот Сергеј Баздникин положија свежо цвеќе пред бистата на Пушкин.

-Со големо задоволство сум тука, заедно со вас, пред споменикот на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин. Денес, кога светот одбележува 220 години од неговото раѓање, заклучокот е единствен – Пушкиновата епоха во која се втемелени зачетоците на модерната руска книжевност, се уште трае. Токму затоа неговиот роденден е и роденден на рускиот јазик, а општина Кисела Вода, преку манифестацијата „Пушкинови денови“, дава свој придонес во неговото одбележување. Идејата за организирање на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската федерација и општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Впрочем, и паркот во кој денес се наоѓаме, пред бистата на Пушкин, го носи неговото име, исто како што е именувана и една улица во општината. Соработката продолжува. Денес во паркот Пушкин отвораме и детско игралиште, со што се надеваме на посетителите, посебно на најмладите ќе им го направиме ова место уште попривлечно за користење на слободното време. А сега, следува и музичко-забавниот дел во кој ќе бидат опфатени на руски национални игри,  рускиот фолклор, рускиот јазик, со што ќе направиме уште еден чекор во продлабочувањето на и онака добрите односи меѓу двете земји, особено во културата и образованието – кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски.

-Срдечно Ве поздравувам сите присутни денес на свеченоста посветена на маркантниот настан 220 годишнината од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич – Пушкин. Во рамките на оваа манифестација ќе биде отворена нова спомен плоча со профилот на поетот која ќе го овековечи овој јубилеј за многу години. Нема потреба од дополнителни објаснувања за генијот Пушкин. Тој е најголемиот руски поет, автор на бесмртните дела кои станаа дел на ризницата на руската и светската литература. Основоположник е на современиот руски литературен јазик, не случајно дека на самиот роденден на Пушкин го славиме Денот на рускиот јазик кој последниве неколку години доби меѓународен статус. Музеи во многу градови во Русија и во странство се посветени на сеќавањето на Пушкин. Стотици населени места, географски објекти, згради и организации го носат името на поетот. Во Скопје тоа се оваа улица и овој парк каде што се наоѓаме сега. И таа традиција продолжува и денес, пред само неколку дена со декрет на претседателот на Руската федерација Владимир Путин најпознатиот меѓународен аеродром во Москва (Шереметјево) го доби името на Пушкин. Во различни градови во Русија и во светот се подигнати десетици споменици на Пушкин. Особено задоволство ни е што меѓу нив е и споменикот пред кој што се собравме. Отворен пред десет години тој стана еден од центрите на руската култура во Северна Македонија. Свеченостите што се одржуваат секоја година во Општина Кисела Вода привлекуваат голем број љубители на творештвото на поетот и воопшто луѓе кои не се рамнодушни кон руската литература. Талентот на поетот е исклучително многулик. Меѓу неговите главни карактеристики е и способноста да се навлезе во духот на различни епохи и култури и да се пренесе оваа атмосфера на читатели. Поради тоа негово творечко наследство е јасно и достапно за сите народи.  Добро знаеме дека руската книжевна традиција имаше благотворно влијание врз македонската литература и култура: многу генерации на македонски пистатели беа инспирирани од делата на Пушкин и на други руски писатели. Речиси сите дела на поетот се преведени на македонски јазик. Особено улога во културната соработка на нашите две земји, се разбира, му припаѓа на рускиот јазик, неговото зачувување и популаризација е приоритет за нашата земја. Повеќепати реков дека знаењето на рускиот јазик овозможува не само подобро да се запознаесо најбогатите култура, историја и традиции на Русија, туку и да се сознаат вистинските цели и аспирации на нашата земја, кои во принцип ги подразбираат стремежот за улога и гарант на глобалната стабилност и безебедност, подготвеноста за чесна, еднаква, заемно корисна соработка со сите, кои се заинтересирани за тоа, вклучувајќи ја тука, секако и Република Северна Македонија. Во рамките на државните системи за образование повеќе од 18 милиони луѓе го учат рускиот јазик. Соодветниот курс функционира во 58 држави, вклучително и во Вашата земја. Во претходната академска година на курсот организиран од страна на Рускиот центар под раководство на професорот Стојковски во Скопје и Охрид се запишале вкупно 550 луѓе. Имаме намера на секој можен начин да придонесуваме за обновување на позициите на рускиот јазик, за проширување на можностите за изучување за сите, кои ќе го посакаат тоа. Убеден сум дека денешниот настан е уште едно сведоштво за традиционалните вековни духовни врски кои тесно ги поврзуваат братските народи на нашите земји. Благодарен сум на градоначалникот и вработените на Општина Кисела Вода за нивното активно учество и помош во организирањето на оваа манифестација – кажа рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. 

Манифестацијата „Пушкинови денови“ со прекрасните настапи ја збогатија Руските културни уметнички друштва „Чајка“ и КУД „Славјанка“.

Настанот кој заврши со проекција на познатиот цртан руски филм „Сказна за цар Салтан“, направен по истоименото дело на Пушкин го проследија и членови на Советот на Општина Кисела Вода и секретарот на Општината, Александар Алексовски.

 

Споделете:

Scroll to Top