На 23-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница;
1. Предлог-Одлука за утврдување на Предлог Измена и дополна на дел од Детален урбанистички план “Стакларница – Пинтија” Блок 5 Општина Кисела Вода, Скопје плански период 2010-2015;
2 .Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое не може да се изврши вклопување во КП со број 246/2 КО Кисела Вода 1;
3. Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кои не може да се изврши вклопување на објекти во градежна парцела 7.1 во ДУП Локалитет Бирарија, Општина Кисела Вода;
4. Предлог-Правилник за измени и дополнување на Правилникот за критериумите, постапката и износот за доделување на еднократна парична помош бр.07-5085/5 од 25.06.2009 година;
5. Предлог-Правилник за критериумите за утврдување на почетната цена и износите на почетните цени за издавање под закуп на простории во објекти во кои се сместени месните и урбаните заедници сопственост на Општина Кисела Вода;
6. Предлог-Одлука за формирање на организациона структура за изработка и спроведување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) на Општина Кисела Вода;
7. Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2015 година;
8. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2015 година.
Воедно, дневниот ред беше дополнет со:
– Одлука за основање Совет на млади на општина Кисела Вода
– Одлука за измена и дополнивање на Статутот на Општина Кисела Вода
– Одлука за проширување на програмите за вршење на дејноста на Јавната детска градинка “8 Март” на Општина Кисела Вода во град Скопје во објект дел од ПОУ “Круме Кепески” Скопје, во Општина Кисела Вода
– Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот дел од ПОУ “Круме Кепески” Скопје на Јавната детска градинка “8 Март” на Општина Кисела Вода во град Скопје
– Предлог Програма (А0) за работа на Советот на Општина Кисела Вода за 2015 година