Search
Close this search box.

Преку 30 тони отпад собрани денес во Општина Кисела Вода

Голема акција за расчистување на јавните површини и дивите депонии се одвиваше денес во Општина Кисела Вода.

Предводени од градоначалникот Филип Темелковски, како и секретарот на Oпштината, вработени во администрацијата, советници од Советот, помогнати од сезонски работници, како и од жители од овој дел на градот работеа на чистење на парковите, улиците, просторот околу детските игралишта и училиштата и градинките, локации каде несовесни граѓани фрлале отпад.

За чистење на дивите депонии беше користена и механизација, ангажирана од Општината.

Од 8 часот утринава се работеше едновремено во сите месни и урбани заедници.Беа собрани повеќе од 30 тони отпад.

 

Акцијата за чистење на Општина Кисела Вода продолжува. Од понеделник на чистењето на депониите во Општина Кисела Вода се приклучува и Градот Скопје. Во тек е и редовното пролетно чистење на одводните канали на оваа територија, а од следната седмица ќе се спроведува и акција за собирање на кабаст отпад за што жителите ќе бидат детално и навремено информирани преку општинската веб страница и референтите во месните и урбаните заедници каде што живеат.

 

 

Уште еднаш апелираме за почитување на Законот за  јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат.

 

Споделете:

Scroll to Top