Изминатиот викенд, во рамки на Супер лигата, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во СРЦ „Кале“ со резултат 95:50 покажаа дека се подобри од екипата на „Вардар“.
На натпреварот кој пред почетокот беше прогласен за дерби, „баделки“ со 47 скокови, наспроти 22 на противникот, 17/9 асистенции, 56%/33% севкупен шут доминираа на теренот.
Од екипата на „жолто-сините“ најмногу се истакнаа Нена Трајчевска со постигнати 20 поени, 17 скокови и 7 асистенции со индекс 42, и Александра Стојановска со 34 поени и 7 скокови со индекс 40. Капитенот Адамовска натпреварот го заврши со 15 поени, 6 скока и 6 асистенции, Максимовска со 11 поени, 3 скока и 2 асистенции, Димитријевиќ со 7 поени и 3 скока, Лазаревска со 6 поени и Даниловска со 2 поени.
Во редовите на ЖКК „Вардар“, посебно се истакнаа Петрушевска со 14 поени, Подунавац со 13 и Наков со 11 поени.