Денес во Општина Кисела Вода започна детскиот кошаркарски турнир „Basket 4 kids“. На овој турнир кој е организација на познатата телевизија Спорт Клуб, Општина Кисела Вода и КК „Ангели“ учествуваат 6 кошаркарски клубови од Скопје.
Децата од клубовите „Ангели“, „Водњански лисици“, „МВП“, „Карпош Соколи“, „Феникс“ и „ФМП Академија“ во моментов привршуваат со одигрување на натпреварите во Кисела Вода. Турнирот утре и задутре ќе продолжи да се одвива во Македонска Каменица и Кавадарци. На крајот како награда за постигнатиот успех победничката екипа од нашата држава ќе игра на завршен турнир во Сежана, Словенија.
Дел од кошаркарските натпревари заедно проследија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, секретарот на локалната самоуправа Александар Алексовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и директорот на МКФ Владимир Темелковски.
Градоначалникот Филип Темелковски во интервју за ТВ Спорт клуб истакна дека интересот за спортот во Кисела Вода се зголемува и дека спортските клубови од Кисела Вода веќе остваруваат резултати.
Темелковски нагласи дека ќе продолжи да вложуваа максимални напори за децата да го засакаат спортот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт за ТВ Спорт клуб кажа дека досега реализирани се голем број на проекти кои имаа за цел развивање и омасовување на спортот. Каевски додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да работи во насока за унапредување на спортот и мотивирање на најмладите.