Проектот на Општина Кисела Вода кој има за цел на полуматурантите од општинските основни училишта да им го олесни изборот на идната професија денеска продолжи да се одвива со едукативна посета на познатата текстилна фабрика за женска гардероба Bella.
Учениците од ООУ „Круме Кепески“ во Bella од страна на тимот вработени беа запознати со процесите за изработка на модерно дизајнирана облека. Деветоодделенците имаa можност да видат како се конструираат и моделираат различни видови на женска гардероба.
Покрај ова, тие видоа и како машински се шијат веќе подготвените текстилни парчиња, а се информира и за потребните квалификации за вработување во фирмата.
Учениците добија и одговори на прашањата за кои се интересираа.