Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ со Божиќна донација за семејството Китановски

Божиќните празници се денови на љубовта, спокојот, простувањето и милосрдието. Токму во пресрет на божиќните празници, Општина Кисела Вода продолжува со традиционалните хуманитарни акции.

Во недела (05.01.2014) во 11:00 часот, градоначалникот и претседателот на  Советот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и Трајче Донев ќе го посетат 15-членото семејство Китановски од населбата Припор и ќе донираат покуќнина и пакетчиња за дечињата.

Скромниот дом на ова семејство ќе биде опремен со нова детска соба, која е донација од компанијата Телесмарт Телеком, а се реализира преку проектот “Се грижиме за топол дом”, за чија имплементација општината Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика. 

Споделете:

Scroll to Top