Search
Close this search box.

Администрацијата на Општина Кисела Вода неработниот 7 мај го одработи со голема еколошка акција

Согласно Владината одлука за одработување на 7 мај поради посетата на Папата Франциск на нашата држава, денеска администрацијата на Општина Кисела Вода спроведе голема еколошка акција на територијата на локалната самоуправа.

Во сите месни и урбани заедници се чистеа парковите, тревните површини, тротоарите и омилените игралишта на најмладите.

Покрај ова, сезонските работници на општината ги скастрија сувите гранки на дрвјата и ги искосија тревните површини покрај трим патеката од игралиштето Вембли до бул. Србија, во должина од околу 2,5 километри. Во исто време од страна на администрацијата се расчистуваа и отпадоците по целата должина на истата патека.

Општината предводена од градоначалникот Филип Темелковски и во иднина ќе продолжи со активности кои ќе придонесат за зачувување на животната средина и чиста Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top