Search
Close this search box.

Дел од Кисела Вода утре без вода

По информација добиена од од ЈП „Водовод и канализација“, општина Кисела Вода известува дека дел од жителите од населбите 11 Октомври и Кисела Вода, утре од 9 часот ќе бидат без вода. Прекинот во водоснабдувањето е поради вметнување затворач на крстосницата меѓу улиците „Спиро Гулапчев“ и „Борис Трајковски“, во периодот од 9 часот се до завршување на работите.

Споделете:

Scroll to Top