Search
Close this search box.

Сениорската екипа на ЖКК „Бадел 1862“ прогласена е за најдобра во 2018 година

На неодамнешниот избор за најдобри кошаркарски клубови кој се одржа во организација на  Македонската кошаркарска федерација, сениорската екипа на ЖКК „Бадел 1862“ која полусезоната ја заврши без пораз прогласена е за најдобра во 2018 година.  

Додека Анета Глигорова доби признание за надобар тренер во младинска женска кошарка. Глигорова ги тренира младите „баделки“ во М16 конкуренција.

ЖКК „Бадел 1862“ кој е еден од најуспешните клубови во Македонија оваа година доби материјална поддршка од Општина Кисела Вода. Истата почна да се доделува од почетокот на 2018 година на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски со цел за подобрување на работата на спортските клубови и омасовување на спортот во Кисела Вода.

Фотографии: mkf.mk 

Споделете:

Scroll to Top