Search
Close this search box.

Членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода во Италија освоија 11 медали

Во Милано, Италија, на силниот меѓународен турнир во рамки на Европското првенство во БЏЏ, Milan Intrernational Pro македонската репрезентација за бразилска џиу џица направи голем успех.

-Од вкупно 40 држави учесници на турнирот, ние како држава завршивме на 5 место, додека пак од 78 тима, клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода  заврши на 7 место. За нашата држава 12 натпреварувачи се бореа во две дисциплини, борби со кимоно и борби без кимоно. Oсвоивме 11 медали, од кои: 4 златни, 4 сребрени  и 3 бронзени – изјави селекторот на репрезентацијата, Ивица Алексовски.

Споделете:

Scroll to Top