Search
Close this search box.

Драчевчани уживаа во македонскиот фолклор и етно-мелос

Одлична забава, со традиционална македонска игра и песна понуди културниот бран на “Три круши”. За тоа се погрижи ансамблот Македонија, кој во петокот на Верско-рекреативниот центар одржа незаборавен целовечерен концерт. 

“Ала Турка – Ала Франга”, “Нашето село”, “К’на Ѓеџаси” и “Шетнала се Јана” беа само дел од песните и ората изведени од студентите од Факултетот за музичка уметност во Штип – отсек етно-кореологија и игра, како и учениците од Средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” – отсек фолклор, кои го сочинуваат ансамблот Македонија. Тие ја негуваат градската чалгиска, вокално-инструментална и играчка музичка традиција од 19-ти век, како и селската традиција на музика и игра од периодот пред 19-ти век. 
Следниот културен настан ќе се одржи во подрчното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, каде концерт ќе одржи групата ДНК, а стенд ап комедија ќе има и актерот Гораст Цветковски.

 

Споделете:

Scroll to Top