Ученици од различни одделенија, од општинските основни училишта: „Круме Кепески“, „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“, денеска имаа можност во просториите на Општина Кисела Вода да се запознаат со нејзиното функционирање.
Градоначалникот Филип Темелковски во присуство на претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски и Тодор Костадиновски, член на Советот, на учениците им ги објасни надлежностите на секторите преку кои се подобрува квалитетот на животот на жителите на територијата на локалната самоуправа.
Децата од градоначалникот Темелковски добија одговори на прашањата за кои се интересираа. Тие пријавија проблеми во близина на нивните училишта и места на живеење, за кои од градоначалникот добија ветување за брзо изнаоѓање на решенија за истите.
Покрај ова, учениците ги посетија и работните простории на градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода.