Search
Close this search box.

Кисела Вода освои 3 место во футсал

На Купот Св. Георги 2019  најдобри во футсал се учениците од Општина Карпош. Гази Баба заврши на 2, а Кисела Вода на 3 место. 

Селекцијата на Кисела Вода ја победи екипата од Центар со резултат 2:1, а тимот од Карпош ја победи Гази Баба со 1:0.

Денес ученици од истите скопски општини ќе играат полуфинални кошаркарски натпревари. Во спортската сала „Независна Македонија“ селекцијата од Карпош ќе игра против Центар. По овој натпревар силите на теренот ќе ги одмерат Гази Баба и Кисела Вода. Во текот на оваа седмица во истата сала ќе се играат и одбојкарски напревари.

Споделете:

Scroll to Top