Search
Close this search box.

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода го победија КК „МЗТ Скопје Аеродром 2“

Екипата на КК „Академија ФМП“ од Кисела Вода во рамки на 17 коло во Втората кошаркарска лига на гостински терен во СЦ „Јане Сандански“ го надигра составот на „МЗТ Скопје Аеродром 2“, со резултат 79-88.  

Кошаркарите на „Академија ФМП“ ја забележаа 13 победа по ред и без пораз позиционирани се на врвот на табелата во второто по ранг кошаркарско натпрварување во државата. Најефикасен играч на натпреварот беше Стефан Донаковски со 24 постигнати поени.  

Денес во рамки на 18 коло, тимот на „Академија ФМП“ со почеток од 21 часот во спортската сала „Независна Македонија“ силите на теренот ќе ги одмери против КК „Крива Паланка“.

Споделете:

Scroll to Top