Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ собраа 30 тони кабаст отпад и електронска опрема

Со активностите за собирање на кабаст отпад и електронска опрема кои во текот на овој месец Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ ги спроведе на својата територија собрани се 30 тони отпад.

Локалната самоуправа во рамки на истата акција во сите месни и урбани заедници спроведе активности за расчистување на сметот на јавните површини, за средување на парковите и омилените игралишта на најмладите, а извршено е и кастрење на сувите гранки на дрвјата и грмушките.

Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“  и Градот Скопје вчера со големата  еколошка акција „Биди дел од чиста иднина“ на територијата на општината собраа 8 тони смет. На истата отпадоци собираа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, дел од членовите на Советот и општинската администрација, голем број граѓани, вработени на јавното комунално претпријатие, ученици и членови на спортски клубови.

Општина Кисела Вода продолжува со редовни активности за одржување на чистотата на својата територија. Општината апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените контејнери и корпи за отпадоци, како би придонеле за зачувување на животната средина.  

 

 

Споделете:

Scroll to Top