Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода објави конкурс по повод 8 -ми Март, Денот на жената

По повод „ 8- ми Март, Денот на жената, Општина Кисела Вода објави конкурс на кој може да се пријават дечињата од двете јавни детски градинки и учениците од основните училишта кои се под надлежност на Општината.

Заинтересираните за учество на конкурсот потребно е да насликаат ликовни творби и да подготват креативни изработки на тема: 8 – ми Март, Ден на жената. Истите треба да бидат потпишани од авторите, менторите и директорите по што треба да се архивираат. Секое основно училиште и јавна детска градинка може да учествува со најмногу 3 творби и тоа во следниве категории:

– За ЈДГ „8 Март“ учество на деца од голема група 3 награди

–  За ЈДГ „Весели Цветови“ учество на деца од голема група 3 награди                                     

–  Прва категорија од  I – V одделение 3 награди

– Втора категорија од  VI – IX одделение 3 награди     

Изработените дела и Записник од изборот извршен од страна на интерната комисија во училиштата и градинките треба да се достават до Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт најдоцна до 06.03.2019 година до 12:00 часот. Конкурсот во училиштата и јавните детски градинки ќе заврши на 05.03.2019 година. Вреднувањето ќе го изврши комисија именувана од градоначалникот.

На 8 март на „Денот на жената“, во големата сала на Општина Кисела Вода ќе се одржи мултимедијален хепенинг на кој ќе бидат наградени најдобрите ликовни творби и креативни изработки на учесниците.    

 

Споделете:

Scroll to Top