Search
Close this search box.

Кризниот штаб на Општина Кисела Вода одржа состанок, едно вработено лице во Општината заразено е со вирусот Ковид-19

Денеска градоначалникот Филип Темелковски свика редовен состанок на општинскиот кризен штаб на кој беше констатирано дека вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот Ковид-19.

На состанокот од страна на членовите на кризниот штаб беа разгледани можните ризици заради настанатата ситуација, а беа донесени и важни препораки како за вработените така и за жителите на Општината.

За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување.

Општина Кисела Вода соопштува дека до 12 мај кога завршува карантинот на петте вработени лица кои биле во контакт со заболеното лице, Општината нема да работи со странки туку сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви:

Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина

071261194

075309930

070 292 962

078 373 779

Сектор за урбанизам и просторно планирање:

02/2785429 за легализација

02/2785420 за одобренија за градење

02/2785443 за просторно планирање

Сектор за инспекциски работи

02/2785449

02/2785456

02/2785465

Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт

02/2785418

Сектор за месна самоуправа

02/2785427

Сектор за нормативно правни работи

070 226 037

072 314 988

Воедно, архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка во Северна Македонија.

Дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива. Во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин дезинфеција ќе се врши на преку три дена.

Споделете:

Scroll to Top