Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода со Црвениот крст и полицијата спроведе акција за заштита од вирусот Ковид-19

Градоначалникот Филип Темелковски, волонтери од Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и полициски службеници од одделот за превенција при полициската станица Кисела Вода, вчера на најфреквентните локации, на граѓаните им поделија 500 заштитни маски, ракавици, и флаери со пораки за заштита од вирусот Ковид-19.

Општината благодарение на одличната соработка со Црвениот крст и припадниците на полицијата, досега во корист на граѓаните има спроведено повеќе активности.

За побрзо надминуваање на сегашната состојба со вирусот, уште еднаш потсетуваме за придржување до препораките на Владата.

 

 

Споделете:

Scroll to Top