Search
Close this search box.

Синоќа одличен концерт на Миле Кузмановски, вечерва Бени и Нон Стоп на “Три Круши 2018”

Најголемите свои хитови, вчера Миле Кумановски и’ ги отпеа на публиката во Драчево.

Од сцената на Три круши, прозвучеа Не кани ме, Крал без Круна, Огледало, Шприцер, како и многу други хитови чија изведба уште еднаш го позиционираше Кузмановски на естрадниот врв во Македонија.

И овој целовечерен концерт беше дел од овогодинешната програма на културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”. Во рамките на истото, вечерва настапуваат Бени и Нон Стоп, а викендот е резервиран за Блага Петреска со Ѓоко Дончев и Дани Димитровска. Влезот за сите концерти е бесплатен, а истите започнуваат во 20 часот.

Споделете:

Scroll to Top