Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ во организација на Македонската кошаркарска федерација се одиграа четири кошаркарски натпревари.
Имено, кошaркарските натпревари се играа во рамки на завршниот турнир за млади кошаркари до 12 години.
Резултатите од одигрувањето на натпреварите се следните;
МЗТ С.А. – Баскет Кам 70-45
Вардар 2 – Спортисимо 63-41
Вардар 1 – ДИно Баскет 65-25
Водњански Лисици – ФМП Академија 2-0
Денес во рамки на ова натпреварување во малата сала „Кале“ ќе се одиграат два полуфинални натпревари, додека утре во истата сала ќе се игра за трето место и за шампионска титула. На првиот полуфинален натпревар со почеток во 17:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат младите кошаркари од МЗТ С. А. и Водњански Лисици, а на вториот кој е закажан два часа подоцна ќе играат екипите Вардар 2 и Вардар 1.