Search
Close this search box.

„Маваши“ од Кисела Вода освои 7 медали на Меѓународен турнир во карате

На Меѓународниот турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“ кој изминатиов викенд се одржа во Кисела Вода каратистите на клубот „Маваши“ освоија 7 медали.

Во следните категории со медали се закитија: Ана Љубевска до 32 кг. второ место, Атила Зекири до 36 кг. второ место, Адријан Зекири до 36 кг. прво место, Борјан Стојчевски до 48 кг. трето место, Ива Тасевска – кадет до 54 кг. трето место, Билал Чолович кадет 70 кг. трето место и Марта Димковска 54 кг. второ место.

Ова е уште еден голем успех на каратистите на клубот од Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top