Општина Кисела Вода и оваа година ја продолжува досегашната успешна соработка со УНДП при реализација на Програмата Општинско – корисна работа од оперативниот план на Владата на Република Северна Македонија.
Претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и од Секторот за локален и економски развој при Општина Кисела Вода на 13.05 и 14.05.2019 година ќе учествуваат на работилница организирана од УНДП на која ќе се информираат за новитетите, за проектните активности во сите фази на Програмата за Општинско – корисна работа.
Локалната самоуправа во соработка со УНДП за успешно реализирање на Проектот „Општинско – корисна работа“ минатата година ангажираше 27 лица, од кои 16 образовни асистенти и 1 личен асистент за работа со лица со посебни потреби во осумте општински основни училишта. Ангажирани се и 10 негуватели во јавните детски градинки во надлежност на Општината. Истите се финансирани од страна на Општина Кисела Вода преку Програмата Г10 Локален економски развој со потпрограма ГД0 – Проекти за енергетска ефикасност за 2018 година.