Search
Close this search box.

Привршува обновувањето на 100 пешачки премини, градоначалникот Беличанец- Алексиќ во инспекција

Проектот за обновување на 100 пешачки премини пред градинките и училиштата во Општина Кисела Вода се одвива со добра динамика. Во тоа се увери и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, која изминатиот викенд во вечерните часови изврши увид на неколку локации каде се одвиваат активностите за бележење на сообраќајните зебри.   

 

Проектот кој официјално се промовираше изминатата седмица, опфаќа преобележување на сите пешачки премини пред градинките и училиштата на територијата на општината, во насока на подигнување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците, велосипедистите,  мотоциклистите, како и на повеќе од 10.000 ученици од општината. Реализатори на проектот се Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Општина Кисела Вода и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кодинг од Скопје.

Со оглед на забрзаната динамика на работа, проектот ќе заврши до крајот на оваа работна седмица, односно пред почетокот на новата учебна година.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top