за Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024 година
Населено место Припор
Време и место на одржување на јавна анкета
Јавната анкета по Предлог ДУП за Градска Четврт Ј15, Блок 15.04, Општина Кисела Вода, плански период 2019-2024, ќе се спроведе со излагање на предлог – Планот во просториите на Општина Кисела Вода (барака 7) –Голема сала, како и на веб страната на Општина Кисела Вода www.kiselavoda.gov.mk.
ЈАВНАТА АНКЕТА ЌЕ ТРАЕ ПОЧНУВАЈКИ ОД 12.08.2021 – 27.08.2021 ГОДИНА
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивата на Општина Кисела Вода (барака 6),секој работен ден од 08:30-16:00 часот, како и преку информацискиот систем e-urbanizam.
Местоположба и површина на опфатот на планот
Опфатот е со површина од 36,71 ха.
Планскиот опфат по осовини на сообраќајници е:
-на исток и на југ се движи по осовината на собирната улица „Христо Татарчев“ – крак (ул. „Сава Ковачевиќ“), како што е планирана со ГУП на Град Скопје 2012-2022,
– на запад и на север се движи по осовината на новопланираната сервисна улица „С1“,како што е планирана со УПЧ Ј 15 Скопје 2013-2022.